Обвинителот Љубомир Лапе, застапник на обвинението во случајот „Талир 2“ рече дека е задоволен од пресудата, односно од видот на санкциите. За условната казна на поранешниот генерален секретар Кирил Божиновски Лапе рече дека ќе се произнесат по добивањето на пресудата.

Мислам дека ќе се жалиме, но прво да го проучиме предметот, рече Лапе.

Лапе рече дека ќе бидат конфискувани околу 30 партиски штабови и седиштето на партијата, но не и земјиштето на кое е изградена зградата.

Тоа е можно, затоа и судот така одлучи. Го повлековме предметот за конфискација на земјитето, затоа што земјиштето не е опфатено со стореното кривично дело. Конфискувани ќе бидат само вградените ствари во објектот, појасни Лапе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.