Вечерва од 19:30 на Телма следи ново соочување на кандидатите за претседател – проф. Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски.
Во најавата за дебатата, споделен е дел во кој тие дебатираат околу обвинетите за 27 април.
Kвалификацијата на кривичното дело е катастрофална. Јас имам право да помилувам и врз основа на анализата – не само на правото и на правдата, ќе посегнам по тој механизам, рече кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова.
Пендаровски:
Разбирам ако некој не е виновен или треба да добие помала казна па и да му ублажите. Ама таа вели дека сите за 27 април ќе ги амнестираме. Како може да амнестирате за таков чин?! Прво извинување, а потоа широка општествена дебата за евентуална амнестија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.