СРАМ
Да се номинра три пати човек за амбасадор и три пати да биде одбиен од различни држави не е проблем на кандидатот туку на оној кој го кандидира.
Евидентно дека приватните интереси се над државните.
Османи постапува неодговорно, но секако тоа не е без согласност на државниот врв.
Не ве плаќаме за да ни нанесувате ваков срам.
Ова е коментарот на актерката Софија Куновска, некогаш висок функционер во СДСМ, како реакција на упорноста на власта Теута Арифи да биде поставена за амбасадор.
Вчера беше објавено дека е одбиениот предлог Теута Арифи да биде амбасадор на Македонија во Турција. Претходно имаше информација дека агреман за неа не е добиен од Вашингтон и од Брисел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.