„Следниот пат кога Димитар Ковачевски ќе прочита напишан текст во кој ќе го напаѓа проектот Скопје 2014 и ќе зборува за некаков криминал, имајте предвид дека тоа е лицемерие. Бидејќи тоа го видовте и со видеото кое го презентиравме вчера“, вели Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додава:

„Димитар Ковачевски не само што учествувал во настани поврзани со Скопје 2014, туку бил често друштво на тие кои ги обвинува за криминал. Архивските снимки кои ги виде целата јавност, медиумите, ги видоа сите, можеше и сам да ги види да се потсети што правел пред неколку години и архивските фотографии го потврдуваат сето она кое што го говориме.

Видно задоволен, можеби најрадосен за отворањето на проектите од Скопје 2014, во првите редови секогаш никогаш позади, Ковачевски уживал во друштвото со тогашните функционери, се смеел, аплаудирал и уживал. Едноставно му одговарало да биде помеѓу нив. Човек при вакви видеа и слики да помисли дали Ковачевски потоа со денови не си дека раката не си ја миел само за да го држи истото чувство откако се гледал со истите луѓе кои сега ги нарекува криминалци.

Објаснувањето на СДСМ дека тој е само директор на компанија во тоа време, не држат затоа што имало и многу други директори, но никој како Ковачевски не бил толку често и толку непосредно и толку блиску до функционерите на власта. Веројатно затоа што друштвото му одговарало, а ова сега што го кажува е само хипокризија.

Затоа велиме дека овој човек нема никаков интегритет. Овој човек нема никаков легитимитет. Чита што ќе му напишат и донесува одлуки како ќе му кажат други. Ниту самиот одлучува што ќе говори и ќе каже, ниту самиот одлучува што ќе прави и како ќе постапи во политиката. Тој е еден обичен пиун.

Ајде Ковачевски охрабрете се и излезете на избори, проверете си го легитимитетот меѓу народот, проверете си го интегритетот, па да видиме што мислат и што ќе кажат за вас. Да видите што мисли народот за вашата хипокризија, за вашите политики, за вашата неспособност како влада да се справува со кризите бидејќи во моментов е полошо од најлошото кога беше Зоран Заев. Да видите што мислат граѓаните за осиромашувањето, за вртоглавиот пад на стандардот, за покачениот долг, за новите задолжувања кои се обидувате да ги направите и сите неуспеси кои ни се случуваат на Република Македонија изминативе неколку месеци под ваше водство и изминативе неколку години под водство на СДСМ. Затоа ајде повелете излезете на избори, доколку не можете вие да одлучите, кажете вие со кого да разговараме и кој треба да одлучи за да вие излезете на избори и се охрабрите“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.