Остра критика од Софија Куновска до министрите за здравство по случајот со онкологија. Куновска, која важи за остар критичар на секоја власт вели дека Проблемите се многу поголеми одошто навидум изгледаат.
-Што е задачата на едно ресорно министерство, поточно на еден ресорен министер и неговите службеници?
Да овозможат највисоки можни стандарди ресорот да ги опслужува граѓаните.
Во случајов, кога станува збор за здравството,
-да се овозможи здравствена услуга во безбедни објекти,

-да ги гарантира достапноста и квалитетот на лековите

-како и стручноста и професионалноста на медицинскиот персонал.

Ништо од тоа. Наместо сето наведено неретки се случаите кога го добиваме токму спротивното.
запалени или во најголем број санитарно несоодветни услови во објектите
– несоодветна опременост на објектите

-лекување при што од лекарски грешки страдаат пациенти

-недостаток на лекови или нивен сомнителен квалитет

– несовесен, поткуплив и непрофесионален кадар.

Заклучок: министрите за здравство го разбираат здравството единствено како поле за „товарење на магарињата“ и ништо друго. А сосем извесно премиерите учествуваат во истото со чинење или нечинење.
Затоа убаво рекле старите: Рибата од главата смрди!
Ајде сега заради „уметнички дојам“ да ги наброиме сите куќи, вили, мотори, автомобили, бродови, бизниси и останати играчки на министрите за здравство во последниве 6-7 години, се разбира на туѓи имиња, за чисто да споредиме какви голтари беа кога дојдоа на власт и немаа ни за ново оделце за групното фото за нова Влада.“ напиша таа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.