Кумот на премиерот Ковачевски, Горан Паунов, се повлече од позициите овластено лице и извршен член на одборот на директори на „АЕ СОЛАР АД ТЕТОВО“, компанија која ќе гради фабрика за производство на соларни панели за фотоволтаични централи во тамошната индустриска зона, дознава „А1он“.
На местото на Паунов, на овие две позиции доаѓа Германецот Александар Мајер. Мајер е извршен директор на германската компанија „АЕ Солар“, фирма – мајка на бугарската „АЕ Солар Хоризон АД“, која заеднички со компанијата на Паунов, „Пиксел Гроуп“, влегуваат во милионската инвестиција во тетовскиот ТИРЗ.
Покрај Мајер, овластено лице во „АЕ СОЛАР АД ТЕТОВО“ се’ уште останува поранешниот заменик – министер за енергетика во Бугарија, Илко Георгиев Јоцев, кој се води како сопственик на бугарската фирма.
Компанијата на Паунов, „Пиксел Гроуп“, сепак, останува ко-сопственик во инвестицијата и покрај неговото повлекување од функциите во тетовската компанија. Тоа значи дека доколку „АЕ СОЛАР АД ТЕТОВО“ аплицира за државна помош, Паунов најверојатно нема да биде дел од преговарачкиот процес со институциите, ниту пак, неговото име ќе стои на потпишаните договори за доделувањето на државната помош. Иако на крај, државните пари ќе завршат во компанијата во која тој има удел.
Повеќе на А1он
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.