Академик Катица Ќулавкова вечерва на протестот пред Соборниот храм рече дека трансродност е термин кој ги покажува противречностите. Вели дека симпатичната бајка за рамноправност на жените се трансформирала и форсира нешто друго. Академик Ќулавкова рече дека оваа приказна не е наивна. Додава дека се мешаат поимите пол и род.

Време е за сериозен дијалог, а не за примитивни иконографии, рече таа.

Новиот Предлог-закон за родова еднаквост се повикува на правата на жените, но суштински се фокусира на правата на трансродовите индивидуи, посочи академик Катица Ќулавкова во обраќањето на Сенародниот собир пред соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, во организација на МПЦ-ОА.

Се прави конфузија помеѓу поимите пол и род. И во самиот Закон за родова еднаквост се мешаат категориите пол и род, поради што законот не може да биде одржлив. Трансродовата концепција поттикнува променливост на идентитетот. Ги загрозува правата на жената. Конфликтна е и се служи со говор на омраза. Трансродната приказна ги релативира идентитетите, до тој степен што ги укинува, рече Ќулавкова.

Нагласи дека се соочуваме со гранични луѓе и додаде:

Се изопачуваат естетските вредности. И самиот предлог закон предвидува Владата да основа Секретаријат за родова еднаквост и цела една мрежа за спроведување на овој закон проследен со казни и други санкции – нагласи Ќулавкова.

Таа праша и зошто треба да се парадира со интимата. Децата, вели академик Ќулавкова, уште не научиле да се изразуваат, без изградена самосвест, веќе се предмет на едукативно моделирање на умот. Тие не се свесни за замките од промената на биолошкиот пол.

Таа рече дека веќе се чувствуваат последиците и оти е време за сериозен дијалог.

Неолибералниот наратив на виножитото требаше да ги симболизира нијансите на идентитетот, со цел да нема дискриминација, а за жал воведува нова дискриминација – рече Ќулавкова, додавајќи дека маргиналните појави стануваат авангардни.

Таа говореше и за вредностите на Западот, каде, како што рече, се случува позитивна дискриминација по трансродова основа.

Се доделуваат финансии на проекти што ги засегаат трансродовите лица, приоритети на ЕУ стануваат трансродовите инденти, а тоа се бара и од аспирантите за членство и земјите-членки, според Ќулавкова.

Приказната за женските права на опшстествена еднаквост со правата на мажите е тажна приказна, оцени таа, објаснувајќи дека кон крајот на 20-от век таа приказна се поткрепи академски и научно со феминистичките студии. Но овие студии за кратко време се претворија во родови студии, нудејќи нова приказна, маргинилизирајќи го основниот идентитет на жената и мажот. По родовите студии следи приказната на трансродовите идентитети, со што симпатичната бајка за рамноправност на жените се трансформираше, оцени академик Ќулавкова на денешниот собир.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.