Ова раководство на СДС колку побргу заврши со политиката толку подобро ќе биде и за СДС, но она што е за мене поважно тоа е Македонија, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Мицкоски додаде дека таму во СДС во минатото некогаш го воделе луѓе и кои што имале капацитет интелектуален кој што за жал денеска во ова раководство не само што не се гледа туку апсолутно не може да се препознае и како тие луѓе успеаја да дојдат до таа ситуација да денеска го водат СДС.

Јас нема да навлегувам во нивните проблеми, тие нека си ги решаваат. Мене ме интересираат проблемите кои што тие ги оставаат за Македонија. Тоа е проблемот.

И не исклучувам никаква можност во иднина некоја реформирано СДС, некоја независна пратеничка група која што после изборите ќе излезе од редот на СДС да ја поддржува Владата итн. Не исклучувам такви можности, во политиката никогаш ништо не можете да исклучите, појасни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски посочи дека е потребно македонско национално единство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.