Kривичниот денеска со соопштение реагира на текстот објавен на нашиот медиум дека на денешнот рочиште за случајот „Меѓународен сојуз“на обични граѓани не им било дозволено да го следат судењето.
Од судот велат дека дозволиле на медиумски екипи да го следат судењет што воопшто не беше споменато во текстот, туку дека граѓани биле вратени од пред вратите на судот.
Во продолжение прочитајте го одговорот на судот.
Во однос на текстот на порталот Република.мк, со наслов „Голем број граѓани се појавија пред судот, но не им дозволија да го следат судењето на Бојан Јовановски“, ја информираме јавноста, но и Уредништвото на
порталот, дека на денешната главна расправа во судницата им беше дозволено следење и снимање на сите заинтересирани новинари кои сорешение на Врховниот суд на РСМ , дојдоа на расправата.
Меѓу другите, во текот на судењето во судницата присутен е и репортерот на република.мк Игор Чавески на кој му се обезбедени сите услови за известување од расправата како и фотографиреање во судницата. Освен
новинарите на судењето присутни се и претставници на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Коалицијата – Сите за правично судење, како и граѓани кои побараа да го следат судењето и кои уредно се пријавија пред судската
полиција, што е видно и од самите фотографии и снимки кои се веќе објавени во медиумите, а меѓу кои и фотографиите на репортерот од Република.мк. Во тој правец, како суд не ни е јасна потребата за вакви очигледни манипулации со јавноста преку новинарски текстови. Ваквите тектстови нема да го поколебаат Кривичниот суд во неговите заложби за отворено и транспарентно работење во јавноста, а за денешниот
обид за манипулација со фактите судот ќе ги извести Судско медиумскиот совет и здруженијата на новинари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.