Министерството за транспорт и врски упатија извинување до медиумските работници, откако утринава при слетувањето на авионот Софија – Скопје, на снимателите на Влада, министерствата и на колегите од Бугарија им беше дозволен пристап до самиот авион и делегацијата, додека пак екипи на македонските национални телевизии останаа на стотици метри оддалечени.

Во однос на реакцијата на присутните медиуми за ограничениот пристап на аеродромскта платформа, а по повод слетување на авионот од Софија на Меѓународниот аеродром Скопје, упатуваме искрено извинување поради  ненамерениот пропуст со кој беше ограничено движењето на присутните медиуми за нормално одвивање на медиумската работа. Како и досега, во иднина Министерството за транспорт и врски ќе обезбеди еднаков пристап на сите медиумски работници за извршување на нивните работни задачи, велат од Министерството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.