СДСМ и ДУИ се свесни дека ја немаат поддршката од народот и знаат дека работат спротивно на народната волја, тие се подготвени да направат национално предавство, и сето тоа го правдаат со сликање кое ќе го добијат за некаков наводен почеток на преговори, истакна Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа и го кријат протоколот со кој се бугаризира Македонија, се бугаризираат македонските херои и со кој на Бугарија и се дава можност да се повикува на документ со кој самите ќе се согласиме да се бугаризираме.

Иако најавија дека ќе го објават, иако бугарската министерка за надворешни, Генчовска јавно кажа дека протоколот е потпишан, сепак македонското МНР го крие протоколот од јавноста. А кога нешто криете, јасно е зошто тоа го правите.

Владата е должна да го објави протоколот, рече Ковачки и додаде:

Парадоксот да биде уште поголем, пратениците на СДСМ повикуваат да дадеме поддршка на еден лист хартија што е доставен до Собранието и за нешто што и самите го немаат видено.
А дека токму историјата е дел од преговорите и се подготвува бугаризација потврди и Пендаровски. Ковачевски ги вовлекува пратениците од СДСМ да гласаат нешто што е во спротивност на македонските национални интереси и закони. Пратениците на СДСМ се ставени во улога на гласачка машина за предлогот кој Ковачевски се согласил да го протурка на штета на македонските интереси – истакна Ковачки.

Власта мора да ја слушне силата на аргументите, да престане да ја силува демократијата во државата и да престане да ја поларизира состојбата за која е директно одговорна.

ВМРО-ДПМНЕ останува на цврсти позиции, промена на Устав – не доаѓа во предвид.

Македонија е на нозе. Обединета.

Продолжуваме со протести, се гледаме во 19.00 часот пред Влада, повика Ковачки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.