После прес конференцијата на Оливер Спасовски и обвинителот Бубевски излегоа многу недокажани работи, дури беа изнесени и неколку лаги. Тоа не натера да се позанимаваме со системските слабости на МВР, каде потфрлил системот, зошто не е спречено убиството на малото девојче. По тоа што се знае и што го објавувавме на прес конференции, а во склад со тоа што беше кажувано од Спасовски и Бубевски, имаме сомнеж дека било можно да биде спасено девојчето од киднапирање и нејзино ликвидирање, изјави Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во „За или против“ на Алфа телевизија.
Ковачки истакна дека и министерот и јавниот обвинител се впуштија во материјална расправа и беа искажани лаги.
– Првата лага, јавниот обвинител кажа дека девојчето било ликвидирано затоа што во јавноста се појавиле информации дека е исчезнато и се создала паника кај киднаперите и затоа ја убиле, но од самиот министер за внатрешни работи беше потврдено дека е убиено околу 10 часот утрото, а јавноста за оваа ситуација дозна во 12 часот кога мајката објави дека е исчезнато, два часа по убиството, рече Ковачки.
Ковачки посочи дека понатаму лага беше кога министерот за внатрешни работи кога изјави дека возилото го наоѓаат на камери на 27 ноември, а пред тоа не го забележале.
Ние прашувавме дали возилото е регистрирано на системот „Сејф сити“ на 24 и 25 ноември, па дури и на 27 ноември? Првиот пат регистрирано е на влез во Скопје кај Маџари. На 27 го пронаоѓаат на камери пред Александар Палас, а тогаш заради ОБСЕ имавме најбезбедна локација таму. Тоа што министерот излажа се потврди со нашите прес конференции на кои не реагира што значи е вистина, нагласи Ковачки.
Ковачки додаде дека третата лага е министерот вика дека воопшто не го барале возилото.
Еве ја лагата. МВР знаело дека возилото е исчезнато, затоа што телеграмата која ја објавивме е од 18, ден по убиството и во таа телеграма од СВР Велес стои дека на 24 ноември се пријавува исчезнато лице Панче со неговиот автомобил. Во телеграмата точно стои и така е пријавен дека е исчезнат со неговото возило на 22. Ако тоа возило било барано ќе излезело на системот „Безбеден град“ на камерите. Од каде и да одело, бидејќи на камери го има. Ако било барано ќе било запрено и ќе се констатирало дека е од лице кое исчезнало, изјави Ковачки.
Ковачки нагласи дека видовме три лаги по ред од надлежните.
Станува збор за целосно потфрлање на системот. Ако за оваа работа нема одговорност може да ни се повторува. Не може да се случи да направите ваков кардинален пропуст кој има катастрофални последици и да излегувате на прес конференции за успешност на полицијата. МВР мора да си ги каже слабостите да излезе јавно и да каже добро си ја одработиле работата, и да каже дека во превенирањето, во откривањето на убиството на Панче целосно потфрлило. Возилото е клучната работа, односно клучното потфрлање, потенцираше Ковачки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.