Покрај изградбата на Клиничката болница во Штип и обиколницата околу Штип како и физибилити студијата за поврзување со железница на Штип со Струмица, со проектот за 250 милиони евра за општините за Штип предвидуваме комплетна изградба, нов булевар Партизанска, предвидуваме комплетна реконструкција на тврдината Исарот и предвидуваме водоводна линија 2 – изјави денеска Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3.

Тој додаде:

Кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт тогаш во Македонија и Штип се гради.

Затоа ве повикувам во среда сите да излеземе и да го заокружиме бројот 2 за градење, за развој на Македонија за развој на Штип.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.