Добро е што Директорот на Агенцијата за разузнавање Муслиу призна дека неговата сопруга добила грант од 620.000 евра додека тој е функционер.За да го добие грантот Конзорциумот на невладини од кои е дел неговата сопруга, морало да се потпише меморандум за чие потпишување налогот дошол од Владата, напишта Драган Ковачки на Фејсбук.

Тоа што Муслиу бедно се брани и меша етнички карактер како и неговите од ДУИ кои секогаш кога се фатени во криминал се кријат позади идентична реторика, не го амнестира, туку напротив – покажува дека нема друг аргумент.Многу пати сум кажал и пак ќе кажам.Криминалот нема етничка линија, во Македонија криминалците од власта на СДС и ДУИ нанесуваат подеднакво штета и на Македонците и на Албанците и на сите други.

*А за тоа колку лојални граѓани се директорот Муслиу и неговата сопруга, ќе има време истото да го докажува многу брзо. Спокојно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.