Драган Ковачки, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за целата ситуација во која се наоѓа државата и посочи дека во моментот Македонија е територија која е владеана од луѓе кои се длабоко замешани во криминал.

Ние мора да сватиме дека Mакедонија мора да заличи на држава затоа што во моментот не е држава, во моментот е територија која што на некој начин е владеана од нарко-кланови, од луѓе кои што се длабоко замешани во криминал. Па слободно можам да кажам и од убијци. Имаше неколку кои што им беа издадени пасошите во Драчево ако не се лажам. Јас ќе потсетам тука имаше една изјава од судијката Олја Ристовска која што била надлежна за судењето на процесот „Двојник, тоа е делото со пасошите каде што самата судијка изјави дека во текот на процесот оценила дека не се презентирани се сите докази презентирани, односно одредени лица се скриени, дури во својата изјава и ги именува тие лица. Но тука немаше никаква реакција од обвинителство, ниту пак од јавноста, едноставно тој случај се покри, а  беше пред месец и пол.Сега вие имате ситуација каде што се издаваат тие пасоши, судијата ви кажува дека ете дека се кријат доказите и нема реакција. И сега вие ќе зборувате за Европа и европски вредности, ВМРО-ДПМНМЕ било ретроградно, овие биле ЗА, тоа се смешки. Мислам дека веќе ништо не им помага, мислам дека веќе е отидена работата, свесни се возот е тргнат надолу и подобро е да скокнат додека можат за да се спасат затоа што кога ќе оди доле нема ништо да остане од нив, рече тој.

Ковачки во текот на своето гостување зборуваше и за економската кризата која владее и потенцираше дека власта не прави ништо за да се надмине кризата.

Еве повторно една манипулација со јавноста, една неодговорна политика. Додека цел свет обезбедуваше енергенси во текот на летото, еве ќе ве потсетам Србија што прави, гледате Албанија што прави, еве Србија закупи цистерни односно танкови во Унгарија носи јаглен од Индонезија, средства набавува евтини кредити од Емиратите и така натаму. Што правеа нашите во меѓувреме, одеа во Белград на дегустација на вино и се занимаваа со распродажба на националните македонски интереси мислејќи дека тоа е полесно така и некој друг ќе им ги решава проблемите дома, кажа Ковачки.

Ковачки како резултат на сите овие проблеми го гледа во предвремени парламентарни избори, смена на оваа власт, нивна одговорност, доаѓање на власт кои што се чесни, имаат визија, знаење, кои што си ја сакаат Македонија и кој ќе го обединат народот.

-Излезот од оваа ситуација се предвремени парламентарнио избори, смена на оваа власт, нивна одговорност, доаѓање на власт кои што се чесни, имаат визија, знаење, кои што си ја сакаат Македонија и кој ќе го обединат народот, додаде Ковачки

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.