Како е можно инструменти од воениот оркестар на АРМ да бидат на партиски собир на СДС? Во која НАТО држава е дозволена ваква злоупотреба, го праша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки врховниот командант Стево Пендаровски.

Ајде врховен команданте Стево Пендаровски (уште 60 дена), одговорете што ќе преземете во врска со злоупотребите и уривањето на професионалните стандарди во АРМ.

Како е можно службени инструменти од воениот оркестар на АРМ да бидат на партиски марш на СДС? По чија наредба офицери на воениот оркестар поддржуваат партиски настан? Има ли дневници за ангажираните офицери на партискиот собир? Во која друга НАТО држава е дозволена ваква злоупотреба“, пишува во реакцијата на Ковачки објавена на неговиот фејсбук-профил.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.