Денеска сме во континуитет на некое така заробено да речам Собрание, во кое што владее хаос, во кое што не владее демократија, во кое што се погазија сите принципи на демократијата. Континуитет на хаосот кој што е создаден токму од човекот позади мене, поточно од Талат Џафери кој што седи и претседава со седницава. И во тој контекст јас ќе продолжам понатаму односно ќе поставам неколку пратенички прашања кои што се однесуваат на произнесувањето од страна на премиерот односно претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, човекот кој што ја предводи Владата на ДУИ. На седницата од 11-ти мај оваа година, значи точно пред две седмици на собранискиот канал на МРТ целата македонска јавност имаше можност да слушне како еден претседател на Собрание кој што е избран од ова парламентарно мнозинство и тоа по втор пат како вулгарно, на нецивилизиран, на еден крајно примитивен начин се однесува кон службите кои што се вработени односно кои што треба да не опслужуваат сите нас, истакна Драган Ковачки, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ на собраниска седница.

Ковачки потсети дека првиот пат Талат Џафери беше избран на нелегален начин.

– Истиот претседател на Собранието две недели се криеше, бегаше од јавноста, беше во странство, не даваше никаква изјава поврзана со настанот, со немилата случка што се случи. Меѓутоа еве како поминуваше времето значи не најде ниту засходно да се извини, туку напротив дополнително ги понижи службениците со тоа што вчера на прес конференција јавно призна дека пцуел. Тој кажа дека ја пцуел нивната неработа, а не ги пцуел нив. За нас како партија е крајно недозволиво токму од човекот кој што прв го потпишал етичкиот кодекс за однесување во Собранието најгрубо да го крши истиот кодекс и да бега од одговорност. Од друга страна пак нелигитимниот премиер најпрвин бегаше и не сакаше да коментира за да потоа се повика на немање сознанија дали снимките биле автентични. Значи премиерот не знаел дали тоа навистина се случило. Иако веќе следниот или денот после тоа заедно беа на натпревар со истиот човек Талат Џафери, појасни Ковачки.

Ковачки го запраша премиерот зошто на натпреварот Талат Џафери не го запраша за немилиот настан.

– Очигледно е дека премиерот се понадевал дека секое чудо за три дена ќе помине, па народот ќе го подзаборави примитивизмот на неговиот претседател на Собранието. Бидејќи премиерот очигледно се плаши да го праша Талат Џафери за снимките, еве тоа вчера го направија тоа новинарите, а тој истото тоа го потврди, рече Ковачки.

Ковачки додаде дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата согласно Деловник поднесе пријава до Комисијата за деловничко мандатно – имунитетни прашања со која претседава коалициониот партнер на власта Панчо Минов. Поминаа две седници од немилиот настан, а комисија се уште до ден денешен не е закажана.

– Првото прашање до премиерот е што вие како премиер ќе преземете во врска со овој настан? Односно дали како премиер и како претседател на Социјалдемократскиот сојуз не мислите дека треба да го повикате, да поразговарате малку со него, да прашате зошто не е свикана седницата на Комисијата за деловничко мандатно – имунитетни прашања, дали еве сега откога имате јавно признание од Талат Џафери, да се распрашате дали е ова првпат што се случува, дали е континуитет на некои поранешни настани. Дали би побарале од коалициониот партнер Талат Џафери јавно да им се извини на службениците? Мислам дека е крајно непримерно од нечие непримерно поведение некој да трпи штета, го запраша Ковачки на денешната седница Ковачевски.

Тој дури го запраша Ковачевски дали како премиер ќе побара одговорност од вториот човек на државата.

– Второто прашање исто оди на нелигитимниот премиер Ковачевски, еве пет дена Ве повикуваме на прес конференции да се произнесете, најголемата македонска партија со најголем број на пратеници, со најголем број на градоначалници Ве повикува, а Вие бегате, молчите и се криете од Вашата партија не сакате ниту да искоментирате. Зошто? Затоа што сите знаеме дека тоа што го зборуваме е точно, ама Вие бегате затоа што не Ви одговара темата. И затоа на јавноста и нудите теми за малограѓанштина, а главните теми на кои треба да дадете одговори кои се од интерес на целата македонска јавност ги игнорирате. Така на пример еве деновиве Македонија е сведок и се занимава со тоа дали било по протокол што премиерот си го земал чедото со себе во Рим, во посета кај Папата. Тоа е показател колку во ова општество и кај политичари се загубија вредностите. Па, во политичкиот ранг се фрлаат ринг и децата. А, не се занимаваме со сериозен проблем како што е на пример средба на вториот човек во државата со луѓе кои се потенцијален ризик за нашите стратешки партнери. Па, моето прашање ќе биде поставено до премиерот и се однесува повторно на Талат Џафери за кого ние сметаме дека со своето поведение е опасност за националната безбедност. Како партија го прашавме Талат Џафери за таа чудна средба, но не одговори на македонската јавност и не и објасни. Зошто ја криеше средбата, однос криеше на таа средба на која што присуствувал и имало и лица кои што се од безбедносен карактер и кога планираше да ја извести јавноста за тоа, запраша Ковачки.

Ковачки посочи дека не се одговори и од кого потекнала идејата за споменикот на Ахмат Кадиров односно на таткото на Рамзан Кадиров, лидерот на Чеченците кој се бори во Украина. И премиерот за ова се уште молчи и не дава одговори иако треба да одговори на јавноста на ова прашање.

– Дали сметате дека Талат Џафери е закана за национална безбедност? И дали сте горди што тој ви ја предводи коалицијата во Собранието, пратеникот Ковачки го запраша Ковачевски во однос на немилите настани кои што се случија поврзано со Талат Џафери.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.