„Денеска продолжуваме со акцијата „Ова е Македонија за сите“. Денеска сме во посета на населените места Двориште и Владимирово во Општина Берово и овде граѓаните се разочарани од централната власт. Она што можеме да видиме е дека недостига откупот на македонското јагне“, истакна пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки при денешната теренска активност на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој посочи дека луѓето се разочарани за тоа што нема откуп за компирот кој го произведуваат, а нема ниту автобуска линија која ги поврзува граѓаните со Берово или понатаму со Скопје. За жал ниту се изгради клиничкиот центар кој поради криминални афери на СДС и ДУИ не беше завршен.
„Граѓаните од овој крај плаќаат скап такси превоз за да добијат медицински услуги. Граѓаните исто така од овој крај се разочарани поради одлуката на министерот за здравство да дозволи на странски државјани да користат услуги по исти цени како и нашите граѓани што ги плаќаат даноците. ВМРО-ДПМНЕ како одговорна политичка партија има визија, план и програма како да ги развива регионите подеднакво“, истакна Ковачки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.