Македонија ја води Трајно неспособен премиер или премиер кој лажел и приложил документ за да ја избегне законската обврска за служење на воен рок, рече на денешната прес – конференција Драган Ковачки.

Трајна неспособност е состојба која може само да се влошува, а не да се подобрува.
Ако состојбата на дезертерот Ковачевски можела да се поправи, тогаш дијагнозата ќе била времено неспособен, а не како што е заведен трајно.
Со трајна неспособност човекот не може да ги извршува своите работни задачи во текот на денот непречено, и тој мора да подлежи на паузи, кои може да бидат и подолги.
Македонската јавност останува без одговор на прашањата за тоа кога лажеше премиерот:
Тогаш кога изјави дека не бил во војска затоа тоа што бил на студии, или тогаш кога го приложуваше документот дека е трајно неспособен.
Ова е крајно неодговорно однесување на првиот човек на Владата кој беше наместен на позицијата за да ги ужива бенефитите што му ги овозможија тие што загинаа додека тој бегал и лажно се претставувал за трајно неспособен.
Премиерот дезертер, е должен веднаш да поднесе оставка и во најмала рака и’ должи извинување на македонската јавност заради тоа што станал премиер правејќи се трајно неспособен тогаш кога државата го барала и кога и’ бил најпотребен.
Почитувани,
Бидејќи од СДС се оперирани од срам и морал и Ковачевски нема да поднесе оставка, а имајќи во предвид дека од Министерството за одбрана веќе ја потврдија автентичноста на објавениот документ на социјалните мрежи на кој јасно се гледа дека премиерот Ковачевски е Трајно неспособен, односно е во состојба која не може да биде надмината, ги повикуваме надлежните институции веднаш да поведат постапка за утврдување на деловната способност на премиерот на Македонија и со истата веднаш да биде запознаена јавноста.
На трајно неспособни или лица кои лажеле за да избегнат служење на сопствената држава, не може да им бидат доверени највисоките државни функции и истите мора да одговараат и кривично доколку со лажење избегнале законска обрврска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.