Сериозни наводи се тоа во однос на соопштението кое имав можност да го прочитам од Стејт департментот, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на прашање поврзано со наводите за корупција и ставањето на „црната листа“ на САД на поранешниот вицепремиер и бизнисмен Кочо Анѓушев. Според премиерот, нашите институции треба да го проверат она што е наведено од американските власти.

Ковачевски рече дека „посочениот господин никогаш не бил член на СДСМ, ниту пак се чуствувал како член на СДСМ“.

Јас колку што знам тој беше предлог на Стопанската комора на Македонија и нејзиниот претседател. Треба да биде јасно дека меѓународните институции и нашите стратешки партнери, каде што број еден се САД, врз однос на свои наоди ги носат овие одлуки, меѓутоа од друга страна и нашите институции имаат обврска да реагираат и да испитуваат за секој случај без никакво влијание во однос на сите водени постапки во однос на нивната законитост за работењето на кој било функционер, изјави Ковачевски.

Премиерот, кој беше во посета на Фармацевсткиот факултет, вели дека останува нашите институции во однос на сите такви случаи да постапат и да го кажат наодите во однос на наводите кои таму се наведени.

Владата, како што потсети Ковачевски, веќе донесе одлука во однос на менување на законските решенија во државата.

Првото се однесува на лица санкционирани согласно одлуки на Обеднетите нации и ЕУ. Законската регулатива ќе биде изменета и согласнот законите на САД во однос на нивно обавување на општествени функции во иднината и второ, веќе е формирана работна група која што ја предводи вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска во која учествуваат министри од економските ресори, директорите на безбедносните служби, како советодавна улога и министри од критичните области, како министрите за одбрана и за внатрешни работи за менување на законската регулатива во однос на работење на лица физички и правни во промето, рече Ковачевски.

Земјите од ЕУ и членките на НАТО, многу сериозно ги сфаќаат санкциите од САД и секогаш истовремено спроведуваат и свои одлуки кои опфаќаат и вакви лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.