Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека се уште нема конкретен датум за владината седница на која ќе бидат ставени на дневен ред уставните измени. Ковачевски изрази уверување дека и ВМРО-ДПМНЕ ќе се приклучат во носењето на одлуката за уставните измени во текот на наредниот период.
-Нема конкретен датум, рече Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање во Свети Николе. Претходно тој исто така кажа дека од вчера до денеска нема ништо ново во однос на евентуални разговори со опозицијата.
Како владина коалиција и СДСМ, рече премиерот, ние имаме многу јасен став земјата да стане членка на НАТО.
-ВМРО-ДПМНЕ тогаш беше против. Исто така да станеме земја фактор на стабилност на Балканот, што го направивме. Ги започнавме преговорите со ЕУ по 17 години чекање и што се однесува до нашиот став многу е јасно каде оди Македонија а тоа е во полноправно членство во ЕУ. Затоа оставаме простор за прв пат во историјата ВМРО-ДПМНЕ заедно со нивното раководство да се одлучат да бидат дел од носењето на една ваква одлука и продолжување на европската интеграција на државата, кажа премиерот.
Се наврати на поддршката што ја добиваме на тој пат од страна на нашите партнери ЕУ и САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.