Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел, смета дека нема пречки за приклучување на Македонија кон Европската Унија, објавија бугарските медиуми.

Македонија забвележува добар напредок и од европска страна нема ништо што би го блокирало нејзиното приклучување кон ЕУ. При тоа приклучување стриктно ќе бидат почитувани европските принципи и стандарди. За тоа е неопходна добра соработка, а регионалната соработка останува суштински елемент, исто како и стабилизацијата за да може да се спроведе пристапниот процес. Но билатералните прашања не треба да бидат обврзувачки и нема да го одредат процесот на приклучувањето – изјавил Борел за БНР, одговарајќи на прашањето какви ќе бидат следните чекори на Унијата ако до ноември Македонија не ги вклучи Бугарите во Уставот.

Вклучувањето на Бугарите во македонскиот Устав е условот што го постави Софија за да се согласи на Преговарачката рамка за земјава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.