Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека претседателските и парламентарните избори ќе се одржат во нивниот законски термин, но дека сѐ уште е на маса поднудата ако се изгласаат уставните измени со оглед дека врвно прашање за земјата е продолжување на евроинтеграцискиот пат.
Сите се уверивте после изјавите и на Мишел по вчерашниот состанок во Гранада, и по изјавата на комесарот Вархеј, по состанокот во Тирана, и по изјавата на претседателот на Франција, Макрон, дека динамиката за проширување во ЕУ постои и дека тие веќе се подготвуваат за проширување“, рече Ковачевски на новинарско прашање по по посетата на „Вкуси ја традицијата – Втор национален саем за храна и пијалаци“, пренесе МКД.мк.
„Ние имаме Закон за избор на претседател, Закон за избор на пратеници, на парламент, Закон за избор на градоначалници. За сето тоа постои закон во државата. Се знаат роковите. На 12 мај треба да имаме нов претседател, на 15 јули треба да имаме нов парламент бидејќи тогаш е мандатот на пратениците, треба да имаме парламентарни избори. Она што стои сѐ уште на маса, тоа е, ако ги изгласаме уставните измени како врвно прашање за продолжување на евроинтеграцискиот пат на државата“, рече Ковачевски посочувајќи на изјави од ЕУ кои одат во насока на подготовка за проширување..
Тој отфрли можност за нова лидерска средба за прашањето на изборите.
Ние не можеме да супституираме институции, значи да укинуваме парламент, да укинуваме политички партии и да правиме лидерски средби на коишто ќе се разговара за решенија коишто не се усогласени со ниту еден закон. Но со оглед на тоа дека имавме лидерска средба на која што јас како претседател на СДСМ овластен и од мојата политичка партија, овластен и од коалицијата, понудив на претседателот на опозицијата на ВМРО ДПМНЕ, решение. Во понеделник да ги изгласаме уставните измени, истиот ден ќе го распуштиме Собранието и ќе одиме на избори. Или доколку сакаат тогаш може да бидат да ги отвориме уставните измени, да влезат во Владата на паритетна основа односно 50 проценти од министерствата, плус да ги затвориме процесите на скринингот и на уставните измени, да ги отвориме поглавјата, да затвориме заедно едно или две поглавја, во што сум убеден дека можеме да го направиме до февруари, и потоа да одиме на претседателски и на парламентарни избори. Тоа се опции коишто стојат на маса. Инаку, да ние ги суптитуираме институциите со средби на коишто ќе седат двајца или тројца луѓе и ќе договараат нешто што не е согласно со парламентарните и законски процедури, сметам дека тоа не личи на држава која што е земја членка на НАТО и која што преговара со ЕУ“, рече Ковачевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.