Драго ми е што се изнајде заеднички јазик, на задоволство пред се на студентите во однос на студентскиот оброк, но се разговараше и за други аспекти на студентскиот стандард, пред се во делот на инфраструктурата во студентските домови. Се договоривме со министерот за образование дека и во тој дел ќе бидат направени максимални напори за унапредување на просторот во одредени студентски домови каде што не е на најдобро ниво, изјави премиерот Димитар Ковачевски кој присуствувал на средбата во Собранието со претставници на студентите, пратеници и со министерот Јетон Шаќири.

Рече дека дијалогот бил конструктивен и дека студентите секогаш имаат право да ги кажат своите ставови, а Владата и пратениците, рече, се тука за тие ставови да ги слушнат и да разговараат со студентите за да се најде решение на задоволство на сите.

Поминаа времињата кога некој можеше со студентите да се поигрува така како што сака, бидејќи студентите се тие коишто се наши деца, и коишто се иднината на оваа држава, а за која иднина носиме одлуки да биде европска, да може да живеат во услови како што живеат нивните врсници и во Германија, и во Австрија, и во сите други земји на ЕУ, рече Ковачевски.

Ги запознал студентите и за снабдувањето со електрична енергија и дека во наредниот период министрите за економија и образование треба да ги утврдат потребите од потрошувачката и од додавање грејни тела во студенските домови.

Студентските домови, најголемиот дел дури мислам, се на централното греење во градот Скопје. Ние обезбедивме централно греење во градот Скопје. Веќе се набавени и количини на енергенси до крајот на овој месец. Ги набавуваме со термински план којшто е пократкорочен заради движењето на цените на гасот, а доколку има потреба за догревање, тогаш секако МОН заедно со Министерството за економија ќе направи така како што направивме и за прехранбената индустрија, како што направивме за другите витални функции во дражвата, додаде премиерот Ковачевски. 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.