Немаме недостиг на пченица во Македонија, им рече на регионалните новинари, премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски.

Тој им посочи дека со Кирил Петков, премиер на Бугарија, се слушаат дури и во викенди, за да се осигура дека во најголемата криза поради војната во Украина, ќе има доволно храна, бидејќи тоа е нивната одговорност.

Војната во Украина ги создаде најголемите проблеми по Втората светска војна. Најниски се резервите во цела Европа. Недостатокот на гас става притисок врз производството на ѓубриво, па имаме и таков недостаток. Ѓубривото може да се купи по четиристотини пати повисока цена. Пораснаа и цените на храната со најголем процент по втората светска војна. Тоа се случува бидејќи Украина и Русија, најголемите производители на пченица, се во војна. Некои земји во регионот имаат вишок пченица, а други немаат, па купуваат од други земји. Добра работа е солидарноста, рече Ковачевски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.