Премиерот Димитар Ковачевски утрово им го честиташе првиот училишен ден на првачињата и останатите ученици и им посака успешен почеток на новата учебна година.

Верувајте во себе, прашувајте, преиспитувајте, истражувајте и бидете креативни, бидејќи детството и младоста се периодот кои се клучни за понатамошниот личен развој.
Ви посакувам многу нови другарства кои ќе траат цел живот.
Образованието е една од најважните инвестиции во животот, затоа продолжуваме со реформите и вложувањата во подобри услови за настава со што обезбедуваме пристап до квалитетно образование за секое дете, порача Ковачевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.