Премиерот Димитар Ковачевски им го честита празникот Курбан Бајрам на сите граѓани од исламска вероисповед.

Ковачевски порачува дека сите неволји можеме заеднички да ги совладаме во духот на вековната традиција на соживот.

Денешниот голем муслимански празник Курбан Бајрам нè потсетува на нашата најважна човечка мисија – во духот на трпението, несебичноста и пожртвуваноста да се погрижиме за најблиските и сите оние на кои им е потребна подадена рака и да ги сочуваме великодушноста, сочувството и солидарноста кои сега ни се потребни повеќе од било кога. Величественоста на Курбан Бајрам Бајрам едновремено нè потсетува дека сите неволји можеме заеднички да ги совладаме како и досега – во духот на вековната традиција на соживот, наведува Ковачевски.

Со желби за добро здравје, мир благосостојба, премиерот на сите верници од исламска вероисповед им посакува празничните денови да ги поминат во духовна радост и верба во подобрите времиња кои, како што пишува, заеднички ќе ги славиме во нашата заедничка татковина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.