Од Кабинетот на премиерот Димитар Ковачевски во врска со преименувањето на улицата „Втора Македонска Бригада“ во општина Чаир велат дека „иако локалната самоуправа во Македонија има целосна слобода во донесувањето на одлуки кои ја засегаат општината, сепак, Кабинетот на премиерот Ковачевски посочува дека не се согласува со преименување на улица која го носи името на херојската Втора Македонска Бригада“.

Оттаму додаваат дека локалната самоуправа требало во изминатиот период поревносно да си ја врши својата работа и досега да изгради нова улица која ќе ја именува согласно законските процедури.

Со музичка програма, обраќања и развиорени албански знамиња, група граѓани на Чаир и претставници на дел од албанските почитички партии се собраа вчера попладнето во скопската населба, каде во посета допатува премиерот на Косово, Албин Курти, а улицата во спомен на партизаните од „Втора македонска ударна бригада“, беше преименувана според политичарот од Косово и книжевник Адем Демачи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.