Ковачевски не смее да го осуди и да побара оставка на Талат Џафери, се плаши дека ќе му падне владата, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ, откако премиерот не реагираше на видоснимката на која собранискиот спикер е уловен како навредува, омаловажува и пцуе собраниски службеници.
Ковачевски отиде толку далеку, што и по релативизирањето на примитивизмот на Талат Џафери, мораше да отиде да гледа фудбалски натпревар со него за и тој лично да преземе одговорност за однесувањето на истиот.
Ковачевски прифати целата влада да застане зад примитивизмот на Џафери и да го оправда, само за примитивецот од Форино да остане на функција, а со тоа и да не падне владата.
Ковачевски го оправда малтретирањето на вработените во собранието, и тој застана зад пцовките, навредите и мобингот на Талат Џафери само за да ја зачува владата.
Ковачевски е спремен да жртвува десетина луѓе, и истите да носат психички трауми, само за тој да остане ден повеќе на власт.
Токму затоа потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро. За целата држава да не биде заложник на пар луѓе очајни за власт по секоја цена, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.