Доколку нема почеток на преговори за почеток на преговори со Европската Унија во месец јуни, тогаш оваа Влада го губи целосниот кредибилитет и според него ќе се оди на избори во октомври, смета лидерот на Алијанса на Албанците Зијадин Села запрашан за можноста за предвремени парламентарни избори.

Покрај сите останати кризи со кои се соочуваме, секоја политичка партија во својата агенда ги има евроинтеграциите, но власта е таа која треба да го реализира, и доколку во јуни ние не добиеме датум за почеток на преговори тогаш оваа Влада го губи целосно кредибилитетот, рече Села во вчерашниот дебатен магазин „Click Plus“ на ТВ21.

Според Села, повеќето политички субјекти се сложуваат за идејата со отворени листи. Рече дека тоа е многу добро решение за подобрување на демократските процеси во државата.

Тоа би било добро и за самите партии, додаде тој.

Запрашан кој би бил против, рече дека можеби партијата што е 20 години на власт, алудирајќи на ДУИ и воедно го повика лидерот Али Ахмети заеднички да го реализираат ова.

Според него, тоа ќе биде добар чекор за демократските процеси и за самите коалиции, односно нивното формирање, како и за самите политички партии.

Села го повтори ставот на неговата партија дека доколку дојде до промена на изборниот закон тогаш тие ќе бараат да има 8 изборни единици, а не една како што бараат помалите партии.

Според него со осум изборни единици се добива реалната слика во државата поделена по економски региони, решение за кое вели дека има и анализи кои го потврдуваат тоа како најдобро можно решение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.