Долга е  листата на мерки и политики што оваа Влада ги донесе во првите 100 дена, истакна премиерот Димитар Ковачевски на денешната владина седница. Информира дека во првите три недели од работата е остварено ветувањето за зголемување на минимална плата на 18 илјади денари. Директно е подобрен животниот стандард на граѓаните и работниците во исклучително кризна година, како што рече, година на европски и светски кризи, ефикасно и посветено е постигнато решение за поддршка на граѓаните, на економсккиот раст и развој.

Потсети дека околу 160 илјади граѓани сега добиваат најмалку 18 илјади денари плата,  двојно повисока од минималната плата од 2014 година, а со тоа, потенцираше, позитивно се влијае и на останатите плати и се одржува континуираниот раст на просечната плата.

– Владата продолжува со уште посилен интензитет да ја помага економијата и да создава услови за раст на платите, нагласи премиерот Ковачевски.

Осврнувајќи се на пензионерите, наведе дека е обезбеден континуиран раст на пензиите, а со воведувањето на новата методологија од септември па натаму, пензионерите секој месец просечно ќе имаат по 900 денари плус на својата сметка.

Говореше дека е обезбедена и директна финансиска помош од по 1000 денари плус за три месеци, за речиси 330 илјади пензионери. Со сите преземени активности, заклучи премиерот, во 2022 година на годишно ниво, заедно со директната финансиска помош, во просек пензионерите ќе имаат околу 12 илјади денари плус во домашниот буџет.

–  Сега имаме трајна и одржлива методологија, што нема да зависи од нечија политичка волја или од тоа дали ќе има избори. Имаме квалитетно решение, рече Ковачевски.

Во однос на енергетската криза, Ковачевски наведе дека Владата обезбедила заштита на граѓаните од поскапувањата предизвикани од глобалната енергетска криза. Нагласи дека е преземено управувањето со енергенси за топловодните компании во Скопје за да се обезбеди конктинуирано парно греење за граѓаните.

Проценетите субвенции за непречено снабдување со топлинска енергија на делови од Градот Скопје се 2,9 милиони евра на месечно ниво, во периодот на грејната сезона. Месечната заштита по домаќинства, според Ковачевски, е 1000 денари или вкупно по домаќинство е 2500 денари само за Скопје за топлинска енергија.

Премиерот потсети дека се активирани и сите домашни капацитети за производство на електрична енергија, намалено е ДДВ за струја од 18 на 5 проценти, обезбедни се дополнителни 670 милиони денари за АД ЕСМ за производство на електрична енергија и вложување во проекти во обнонвливи извори на енергија.

Премиерот Ковачевски ги нагласи и пакет антикризните мерки за поддршка во вкупна вредност над 400 милиони евра, а вкупното влијание на мерките достигнува 615 милиони евра. Посочи дека со овие антикризни мерки сметките на граѓаните се помали за речиси околу 4.000 денари месечно.

Што се однесува до намалувањето на ДДВ на нафтата и на нафтени деривати, Ковачевски наведе дека само по тој основ, без намалување на акцизата, секој граѓанин, на просечна потрошувачка пресметано, ќе плаќаше 300 денари повеќе секој месец.

Кај електричната енергија, рече, која е 80 проценти субвенционирана од државата, доколу не се направеше субвенционирање на производството на електрична енергија и на цената што ја плаќаат граѓаните, сметките за струја на секое семејство ќе беа за 2.150 денари повисоки. За да се ублажат ценовните шокови, потсети, најпрво беа замрзнати цените на основните производи за исхрана, а потоа маржите. Со оваа мерка, се спречи создавање на наднормални профити и ублажување, потенцира Ковачевски, на ценовниот шок врз одбрана категорија прехранбени производи.

Говореше и за ваучерите за основни производи за исхрана за 35 илјади најранливи граѓани, како и за програмата за енергетска сиромаштија со која се предвидува финансиска поддршка за лица со ниски примања од 600 до 800 денари месечно, а станува збор за 7.200 до 9600 денари на годишно ниво за домаќинство од ранливите категории.

За време на криза, рече премиерот Ковачевски, преземени се храбри чекори и инвестициски проекти насочени кон користење обновливи извори на енергија и енергетска независност со огромни придобивки за граѓаните.

Новата фотонапонска електрана Осломеј, информира тој, ќе произведува чиста домашна енергија и ќе придонесе кон заштита на животната средина. Освен што се снабдуваат потребите на околу 2.800 домаќинства со електрична енергија, се прави и рекултивација на 15 хектари површина на стари јагленокопи. Ова е прв проект, нагласи, со кој се заменува производство на електрична енергија од загадувачка технологија во чиста технологија.

Премиерот потсети и дека државава ќе биде дел од проектот за изградба на терминал за течен природен гас во Александрополи во Грција, за складирање и гасификација на течниот природен гас, со капацитет од над 5,5 милијарди кубни метри.

– Нашето вклучување во овој терминал создава можност за трајно и стабилно снабдување со природен гас за земјите од каде потоа  ќе се дистрибуира и пошироко во регионот, рече Ковачевски.

Тој информираше и дека проектот Чебрен првпат се наоѓа во втора фаза и има девет понудувачи кои се на теренско разгледување на просторот, за рамноправно да учествуваат на тој тендер во следните фаз



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.