Неколку стотини наставници се пред седиштето на СОНК и протестираат за договорот со Владата за покачување од 12 отсто. Не сакаат официјално да зборуваат пред новинарите, но потенцираат дека договореното покaчување на платите за нив е неприфатливо и бараат продолжување на штрајкот.

Репортерот на „Телма“, Сотир Трајков, јавува дека повеќе вработени во градинките тврдат дека врз нив се вршат притисоци за прекин на штрајкот, бидејќи во спротивно ќе добиеле откази од работа. На протестот се присутни вработени од училиштата и градинките во Аеродром и Кисела Вода, а најавено е и присуство на членството од Радовиш.

Денеска треба да биде донесена конечна одлука за прекин на штрајкот. Одлуката ќе биде донесена по консултациите што раководството на СОНК треба да ги направи со членството по што од утре се очекува учениците повторно да се вратат во училишните клупи по двонеделен прекин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.