Димитар Ковачевски околу менувањето на уставот, кажа дека е оптимист дека на крајот нема да недостасуваат пратеници за уставните измени.

„Не фалат пратеници за владата или за мене, туку зa државата да влезе во ЕУ. На крајот нема да недостасуваат пратеници за уставни измени“, рече Ковачевски, притоа не образложувајќи како ќе успее да го смени ставот на опозицијата ВМРО-ДПМНЕ.

Наспроти оптимизмот кај лидерот на СДСМ, опозицијата има цврт став дека уставни измени под овие услови и бугарски диктат нема да има.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.