Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски денеска присуствуваше на традиционалниот божиќен ручек кој го приреди поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), г.г.Стефан.

На традиционалниот божиќен ручек, премиерот Ковачевски присуствуваше заедно со претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски.

Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, секоја година организира божиќен ручек по повод божиќните празници и неговиот именден – празникот на архиѓакон и првомаченик Св.Стефан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.