Претседателот на Владата Димитар Ковачевски денеска одговарајќи на пратеничко прашање посочи дека во мандатот на оваа Влада минималната плата е зголемена 100% и платите продолжуваат да се зголемуваат.

Ако пред 6 години беа потребни 4,25% минимални плати за да се покрие една потрошувачка кошничка сега се потребни 2 минимални плати за да се покрие 1 потрошувачка кошничка. Сите вие критикувавте зошто застанав зад зголемување на минималната плата, дури од ВМРО – ДПМНЕ економистите кои ги почитувам јавно излегуваа и кажуваа дека не треба да се качува минималната плата. Имаа свој концепт но јас сметав дека овој концепт тој којшто треба да се следи.  Второ, ако ја видиме просечната плата, таа е качена над 60 евра, над 31.000 денари зошто, затоа што начинот на поддршка на инвестициите и субвенционирање на инвестициите којшто порано беше субвенционирање на инвестиции заради отворање на работни места со евтина работна сила сега е субвенционирање на работни места заради повисоко платени работни места. Сега ако отидеме во ТИРЗ-овите, сите работните места се со плата над просечната“, рече Ковачевски.

Премиерот Ковачевски истакна дека во периодот од 2006 до 2016 година, значи нема поголемо покачување на плата од 5 проценти по различни области, затоа што тогаш земјата беше промовирана како земја на евтина работна сила и се отворија 14 илјади работни места со плати од по 9.000 денари во технолошко индустриските зони.

Денес имаме зголемување на платите значи трошоците се пораснати за 13,5 проценти од тоа време, а само минималната плата е зголемена за 100 проценти. Лекарите се зголемени од 5 до 25 проценти, наставниците имаат историски најголемо зголемување на платите, да не заборавиме за 10 години имаа 5 до 6 проценти зголемување. Сега имаат 21 комулативно до сега и со новиот договор со СОНК ќе биде плус 14 проценти и дополнително зголемување од идната година, истото се однесува и на универзитетските професори. А додека со ССМ веќе се водат преговори кои верувам дека ќе вродат со плод и тоа не само зголемување на платите туку и враќање на К-15.

Ќе има воведување на нов закон во кој ќе има, односно ќе се знае кој има највисока плата, дали тоа ќе биде претседателот на државата, дали тоа ќе биде претседателот на Врховен суд како што е регулирано во најголем дел од ЕУ држави, а не најголеми плати да имаат директори на јавни претпријатија, помошници на јавни претпријатија кои што водат фирми со загуби и имаат некакви измислени договори што се измислени во тоа време, во државни фирми на кои не може да им се дознае колку им е плата и колку имаат бонуси ставено внатре, и тоа исто така ќе биде договорено со синдикатот, рече премиерот Ковачевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.