Во вечерниот дуел помеѓу лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на телевизија Канал 5, Ковачевски вели „факт е дека ВМРО-ДПМНЕ не поднеле 28.000 потписи и тоа го потврди сега господинот Мицкоски со оглед на тоа дека Гордана Силјаноска е кандидат меѓутоа не ги поднеле“.

– Што има во тие потписи сега да проверува ДИК, да проверува обвинителство, јас да кажам можеби дел од нив се фалсификувани, можеби не се факт е дека не се поднесени. Кога зборуваме за легитимитет на присутните тука сакам да ги расчистиме и тука работите. Јас сум избран за претседател на СДСМ на непосредно гласање тоа е единствена партија којашто својот претседател го бира на непосредно гласање со двајца против кандидати и мојот избор е направен со над 40.000 гласови на гласачки кутии. Спроти мене седи претседател на ВМРО-ДПМНЕ којшто е избран со 400 делегати напишани на лист од неговиот претходник ставени во автобуси однесени во „Фолк вест“ Валандово и таму на конгрес еден кандидат станува претседател. Тоа е нивни начин како го бираат претседателот на партијата јас во тоа не се мешам меѓутоа мора да го разјасниме легитимитетот на претседателите на партиите, изјави лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.