Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, во рамките на неговата денешна посета на Брисел, оствари средба со специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, на која двајцата соговорници заклучија дека војната во Украина наметнала неопходно забрзување на процесот за интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија и итни преговори со Македонија како приоритет.
Како што соопштија од Кабинетот на Ковачевски, тој на средбата со Лајчак истакнал дека очекува дополнителна поддршка од Брисел за дијалогот Скопје-Софија за да се дефинира преговарачката рамка со цел колку што е можно побрзо одржување на првата меѓувладина конференција на Македонија со Европската Комисија како почеток на процесот за затворање на поглавјата за членство во ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.