По изборот на новата Влада, претседателот на СДСМ и мандатар за состав на владиниот лабинет Димитар Ковачевски ќе упати покана до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за средба на која ќе се разговара за актуелните прашања, како и да се изнајде решение за закони од интерес на граѓаните.
Вечерта кога бев избран за претседател на СДСМ, а Мицкоски реизбран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ, имавме телефонски разговор дека по изборот на нова Влада ќе се видиме и ќе разговараме за актуелната состојба, рече Ковачевски во Топ Тема на ТВ Телма.
Ковачевски смета дека политичарите треба да ги здружат сите сили, и на ниво на партија, на ниво на коалиција, но и на држава и сите да дадат придонес кон најдобро и најбрзо решавање на проблемите.
Сметам дека сите ресурси, особено на Владата, но и на парламентот, треба да бидат насочени во носење закони и решенија за пребродување на кризата, но и закони во насока на поддршка на компаниите и граѓаните, рече Ковачевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.