Претседателот на Владата на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, утрово присуствуваше на изведба на пробивање на десна цевка на тунелот Фариш, кој се наоѓа на делницата Фариш-Дреново на новиот експресен пат Градско-Прилеп.
Бележиме уште еден успешен градежен зафат како дел од нашиот голем инвестициски циклус на градење на модерни делници и автопатишта низ целата наша држава.
Денеска, со пробивањето на десната цевка на тунелот Фариш, ја динамизираме изведбата на патниот правец Фариш-Дреново, како дел од експресниот пат Градско-Прилеп.
Вложуваме во инфраструктурата и инсистираме на ефикасност во изведбата бидејќи сакаме да обезбедиме квалитетен живот за нашите граѓани и со тоа што побрзо да го трасираме нашиот пат кон ЕУ.
Градиме модерни и безбедни автопати, градиме магистрални, регионални, експресни патишта со кои ги поврзуваме селата и градовите во регионите, регионите со други региони, а државата со светот.
Република Македонија станува светска сообраќајна и трговска крстосница. Нашите граѓани заслужуваат европски живот овде, во својата земја!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.