Димитар Ковачевски, до кога ќе бегате и кога ќе одговорите за кршењето на плочите во Вејце?, го прашува пратеникот Драган Ковачки.
Мала ли работа е ова за Вас како премиер, да ви газат врз коските на загинатите, а вие да молчите?
Имате ли контрола над територијата или не?
Чија е оваа држава, за кого паднаа бранителите? Или Вам не Ви е важно, ја пративте Славјанка да положи цвеќе, си помина денот и толку, демек ќе се заборави? До кога со тој однос? До момент кога нема да биде дозволено ни цвеќе да положиме?
Нелегитимен и неизбран премиере Ковачевски, деновиве сте во посета на САД.
Земете пример од таму и прашајте ги како се однесуваат кон сопствените загинати војници.
Прашајте ги дали и таму во сред држава некој крши плочи на херои и ги гази цвеќињата за нив?
*Антимакедонската (!) власт на ДУИ и нивните слуги СДС нè тераат пред сè нас – Македонците, сопствената држава веќе да не ја чувствуваме за своја.
**Држава што не се грижи за тие што загинале за неа, не заслужува да биде држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.