Премиерот Ковачевски и претседателот на Алијанса за Албанците Таравари, по средбата во Владата, биле на гости кај претседателот на ДУИ Ахмети во Зајас, дознава Алсат.
На средбата се разговарало за проширување на Владата со нов партнер во насока на зајакнување на владеачката коалиција, а во очекување на уставните измени.
Неофицијално се дознава дека Алијанса побарала три министерски места – за правда кое сега е раководено од кадар од СДСМ, за екологија-ресор кој сега го раководи ДУИ, и министерството за информатичко општество.
На средбата во Зајас немало претставник од Алтернатива, кои претходно негативно реагираа за можноста за влез на Алијанса во Владата.
Исто така се дознава дека Алијанса ќе добие најмалку едно заменичко место и околу 30 директори. Финалните преговори и поделбата на ресори се очекува да заврши до крајот на месецов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.