Ковачевски и СДСМ знаат дека ќе доживеат дебакл, затоа институциите се распаѓаат, УЈП и Финансиска полиција дувло за рекет? Гледаме од препукувањата помеѓу Вилма Русковска и Арафат Муареми како полека ќе почне да излегува сето она што го правеле, сето она што го ставале под тепих и мислеле дека нема да се дознае, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Русковска и Муареми покажуваат како биле злоупотребувани институции, и тие обвинувања и индиции мора да имаат разрешница. Мора да се види како наместо борба против криминалот, тие го правеле?!

Муареми и другите институции во системот мора да кажат дали и ако да, зошто биле злоупотребувани истраги од страна на финансиската полиција за рекет?

Дали се отворани предмети за да се држат под закана од прогон луѓе или фирми, а потоа откако ги дисциплинирале ги ставале во фиока?

Русковска пак треба да каже зошто молчеле до сега и од кога знае за таквите наводи?

Одговорност мора да има, и овој случај мора да се изведе до крај.

Дека институциите се трули покажува и даночниот криминал од скоро 100 милиони евра, кој бил правен со фиктивни фактури, а кој УЈП го криеше од јавноста се додека ВМРО-ДПМНЕ не обелодени сомнежи за криминал.

Како доаѓа крајот на власта на СДСМ и ДУИ, така се повеќе излегуваат на површина нивните криминали. Ваквите случаи дополнително ќе бидат истражени по промената на власта и секој кој се огрешил пред законот ќе треба да одговара, а не да се крие зад поранешни функции или политички позиции. Законот ќе важи еднакво за сите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.