Владата предводена од дезертерот Димитар Ковачевски тоне во скандали во сите области, меѓу кои и здравството, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Само за неколку дена се случија низа скандали во овој ресор.

Прво, наместо да се потрудат да направат нешто за граѓаните, екипата на Ковачевски продуцира само долгови. Или министерството за здравство треба да плати сума од 8,5 милиони евра поради раскинување на договорот за градба на нов клинички центар.

Значи, ем граѓаните не добиваат здравствени услуги во соодветни услови, ем  треба да платат што поради криминални интереси на власта нема да се гради нов клинички центар на местото на кампусот клиники Мајка Тереза. Наместо да мислат за граѓаните, тие ги товарат само со дополнителни трошоци во ова време на криза кога едвај се преживува.

Второ,  граѓаните видоа како директорка на болница земала енормни парични средства под ставката дежурства. Сето ова кога докторите од јавното здравство се излажани! Токму СДС им ветуваше основна плата од 100 илјади денари, а некои од нив можат да ја видат само доколку имаат додатоци на истата и тоа додатоци како стаж, дежурства и слично.

Вакви сомнителни исплати пак се невозможни без организациски директор на клиника кој е кадар од ДУИ.

Едно е сигурно со оваа власт предводена од Ковачевски и СДС, граѓаните се заборавени, а се штитат само поединци.

Значи министрите за здравство треба да се грижат за здравјето на граѓаните и да мислат за инвестиција во човечки ресурси, но и објекти. Или требаше да се изгради нов клинички или да е во завршна фаза, а не државата да плаќа пенали во висина од 8,5 милиони евра затоа што се раскинал договор за нов клинички.

Потребна е грижа за сите доктори бидејќи сите се грижат за здравјето на граѓаните, а не само поединци.

Власта на СДС за едни е мајка, за други маќеа, затоа одговорност мора да има. Не може туѓите грешки да ги плаќаат граѓаните.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.