Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на вонредниот Самит на НАТО Брисел се сретнал со бугарскиот колегата Кирил Петков.
Двајцата премиери, како што напиша Ковачевски на Фејсбук, взаемно изразиле задоволство од динамиката на билатералната соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија преку работните групи кои се остваруваат во тековниот период, како и од потпишаните договори и меморандуми за соработка во повеќе области од заеднички интерес.
-Оценивме дека правиме сериозни чекори напред и со целосното усогласување на надворешната и безбедносната политика на Македонија со политиките на ЕУ со што ги продлабочуваме односите меѓу двете држави и го подигаме нивото на политички дијалог. Имаме причини за оптимизам од унапредувањето на соработката меѓу двете земји со што се забрзува процесот на европска интеграција на Македонија, напиша Ковачевски на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.