Ковачевски и Османи трајно ги нарушија Македонските позиции, и ја ставија државата во ризик од хибридни напади, за кој не кажуваат од што се состои.
Со преговарањето и договорањето на последниот предлог Ковачевски и Османи трајно ги нарушија преговарачките позиции на државата. Секои идни преговори ќе тргнуваат од почетната точка опфатена во предлогот, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Со криење од јавноста, од експертите, од академската заедница и од парламентарните партии тие ја донесоа државата во опасност. За потоа да измислуваат наводни хибридни напади, за кои не кажуваат од што се состојат, кој е одговорен и зошто не преземале ништо.

Ковачевски и Османи наместо да продолжат со молчење да кажат од кого е нападната државата и зошто не го спречиле тоа, ако тоа се случило?

Власта да не бега од одговорност. Тие 6 месеци тајно преговарале и носат вина за нанесување на трајна штета на државата и нејзините преговарачки позиции, но и за неуспехот кој државата го има на патот кон ЕУ.

Ковачевски, Османи и целата влада треба да си заминат. Потребни се избори веднаш, се наведува во партиското соопштение.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.