Иднината на иницијативата Отворен Балкан е светла, со тековни и идни проекти важни за граѓаните и стопанството во регионот, кажаа премиерите на Македонија, Димитар Ковачевски на Србија и Ана Брнабиќ, одговарајќи на новинарски прашања за можности за проширување и идни проекти во рамки на иницијативата, денеска кај Прешево во близина на македонската граница.

Според Ковачевски, иднината на иницијативата е светла и крајна цел според него е отстрануавње на границите како земји членки на ЕУ.

Ние сме биле единствени држави кои немале граници, а сега сме единствено во Европа меѓу кои постојат граници. И крајната цел и моја лична заложба и цел е Балканот да биде без граници. Ако прашувате за иднината на Отворен Балкан има светла иднина, бидејќи еден ден сите овие држави ќе бидат дел од ЕУ и финалето на Отворен Балкан ќе биде церемонија на која нема да промовираме М-тагови туку на крај ќе промовираме отстранување на границите и оние рампи кои нè одделуваат од двете страни на границата, кажа Ковачевски.

Тој потсети дека преку иницијативата е овозможено, слободно движење на луѓе, капитал, услуги стока. Претходно, потпишани се над десетина договори кои ја овозможија и сегашната активност, тргнати се тродуплите фитосанитарни контроли кои овозможија неколкукратно зголемување на трговија на земјоделски и прехранбени производи. Во однос на размената на стручни кадри, професионалци, според Ковачевски таа се прави со ослободување на бариерите во однос на признавања на дипломите, за што веќе се потпишани договори.

Можност за вработување и за обезбедување на сè она што значи вработување на странец во друга држава без притоа процедурите да траат како што траат по три-четири месеци со воспоставување на новиот систем којшто веќе се работи и кон ќе почне мнигу скоро да функционира. Софтверското решение веќе е завршено во државава. Ќе може секој човек од Албанија, Србија, Македонија ќе може да се регистрира на заедничкиот електронски портал, кој пак е поврзан со националните портали и потоа пред да најде работодавец да може да дојде во државата и тоа да го направи на најдобар начин, кажа Ковачевски и потстети на зголемената трговска размена.

И премиерката на Србија, Брнабиќ, очекува светла и безбедна иднина на иницијативата Отворен Балкан. Најави посета во Тирана. За неа, иднината на иницијативата Отворен Балкан е светла и очекува останатите земји од регионот да се приклучат. За премиерката, станува збор за иницијатива и исклучително практична.

Таа вели дека проектите нудат директни бенефиции и за граѓаните и за стопанството, иницијативи кои овозможуваат светла иднина на регионот. Осврнувајќи се на меѓусебната трговска размена помеѓу Алабнаија, Македонија и Србија од самиот почетокот на разговорот на иницијативата Отворен Балкан, преку усогласувањето на меѓусебните царински, ветеринарните, фитосанитарни процедури, кратењето на чекањето на граничните премини, според неа ја потврдуваат светлата иднина. Таа е очекува дека граѓаните, бизнис заедницата, ќе ги поттикнуваат не само сегашните, туку и идните генерации политичари да продолжат со иницијативата и како што рече останатите да се приклучат.

Во 21 век слободниот проток на стоката, услуги, капитал, луѓе, олеснувањето на студирањето на, лекување, работни дозволи е нешто што е безбедна и сигурна иднина. А тоа ќе ја направи иднината многу поинаква од минатото какво што имавме мислам пред се на 90-тите години. Ќе покажеме како одговорни политичари на младите во регионот дека можеме да направиме поинаква иднина, услови што значи дека тие ќе остануваат во овој регион, овде да работата да создаваат свои семејства и да создаваат нова вредност, за сите земји во регионот така што верувам дека без разлика на одредени изјави не верувам дека премиерот Рама е против иницијативата Отворен Балкан, мислам дека за тоа зборуваме на последната прес-конференција со претседателот Александар Вучиќ. Верувам дека иднината е светла и безбедна, кажа Брнабиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.