Во последните денови гледаме дека ескалираат односите помеѓу Бугарија и Македонија. За жал страната која што е оштетена во оваа ескалација е Република Македонија, чувствата на граѓаните но и европската перспектива на државата. Затоа моето прво прашање до претседателот на владата е поврзано со заседанието на советот за национална безбедност кај претседателот Пендаровски на кое што се разговараше и разгледуваше оваа тема македонско-бугарските односи, вели Антонијо Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница и го праша Ковачевски кои се лицата кои што ги разгледувале на советот на Национална безбедност за прогласување на персона нон грата бидејќи не ги исполнуваат условите од член 11 од Законот за странци.

Првото прашање е поврзано со членот 11 од Законот за странци односно дали владата согласно членот 11 ја разгледувала препораката за прогласување на персона нон грата на неколку државјани на Бугарија вклучително и на еден пратеник за кој што има основа да се тврди дека не ги исполнуваат критериумите за зачувување на јавниот поредок во Република Македонија, нивното делување е спротивно националната безбедност а исто така ги загрозува и македонските меѓународни односи. И прашањето е дали и кога ќе се разгледува ова прашање и кои лица до сега сте ги имале во предвид како лица кои што претставуваат ризик и не ги исполнуваат условите од член 11 од Законот за странци.

Второто прашање се однесуваше за повлекување на бугарскиот амбасадор од Македонија, за кој што како што рече Милошоски е чин на спуштање на дипломатските односи меѓу двете држави и го праша Ковачевски кој е неговиот став по однос на овие случувања.

Второто прашање е до Ковачевски за повлекувањето на бугарскиот амбасадор од Македонија. само за вовед да кажам дека повлекување на амбасадор од една соседна држава е чин на спуштање на дипломатските односи. Исто така повлекување на амбасадорот претставува на некој начин и потценување на државата-домаќин, бидејќи се спушта на нивото на комуникација. Прашањето до премиерот е кој е вашиот став и како гледате на овој развој на настаните? Како го оценувате овој потег на повлекување на нивниот амбасадор при што соседната држава Бугарија тврди дека тоа го прави во знак на незадоволство од односот на институциите во Македонија кон Република Македонија, изјави Милошоски.

Безбедносните служби ги прават извештаите и анализите, согласно кои ќе се одлучи дали европратеникот, Ангел Џамбаски, ќе може да влезе во Македонија или ќе биде персона нон-грата и ќе остане на граница. Ова е заклучокот од одговорот на премиерот, Димитар Ковачевски, кој додадек дека освен Џамбаски, предлогот е на списокот да се најдат и други лица од Бугарија.

Странец кој има намера да присуствува до 90 дена во државата или во било кој период до 180 дена, може да му се забрани престој односно влез во Македонија доколку е лице кое во системот за контрола има забрана за влез, доколку претставува закана за јавниот поредок, националната безбедност, меѓународните односи. Согласно со извештаите, анализите на безбедносните служби на државата и кои што ги има МВР, на денот на одбележувањето, како и во деновите претходно, МВР ќе постапи согласно податоците кои ги има од свои извори и од службите, согласно со заклучокот на Владата, МВР да обезбеди мирно чествување на 4-ти февруари, роденден на Гоце Делчев, кажа Ковачевски.

Ковачевски пред пратениците кажа дека МВР работи на тоа прославата на 4 февруари да помине во мирна атмосфера и без инциденти.

Настанот е карактеризиран како настан со висок ризик во однос на изјавите кои доаѓаат како од внатре така и од надвор. Согласно со тоа МВР е задолжено да организира мирно чествување на овој настан. За таа цел, МВР ги презема потребните активности, кажа Ковачевски.

Премиерот е дециден дека нема антибугарска хистерија.

За инцидентите има одговорни лица со имиња и презимиња. Не може цела нација да се обвини за постапки на неколкумина поединци. Македонија презема се согласно процедурите и продолжува да биде конструктивен партнер и во регионот и во ЕУ, додава Ковачевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.