Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за време на денешната посета на Драчево, прашан од новинарите ја коментира и изјавата на Али Ахмети, кој за време на средбите со граѓаните од Тетово во својот говор рече дека на украинската делегација ѝ кажал дека треба да бидат искрени и ќе победат исто како што тие ги победиле Македонците во својата држава.

Мицкоски истакна дека како доброволец во 2001 година го нема тоа чувство дека Али Ахмети е победник во таа војна и дека Ахмети на украинската делегација требало да ѝ каже и за колку стотици милиони евра е зголемено богатството на фамилијата на Ахмети и на луѓето што го опкружуваат Ахмети на сметка на луѓето што се инвалиди, кои го загубија животот во таа војна.

Јас сум бил доброволец во Армијата и немам такво чувство дека тој е победник во таа војна, но истовремено, претпоставувам, им кажал и за колку стотици милиони евра е зголемено богатството на фамилијата на Ахмети и на луѓето што го опкружуваат Ахмети на сметка на луѓето што се инвалиди, кои го загубија животот во татковинската војна во 2001 година кога храбро се бореа македонските полициски и армиски сили за да го задржат суверенитетот и интегритетот на нашата Македонија и како еден вид подарок на жртвите од татковинската војна, името на овој парк, каде што денеска ние се наоѓаме, е токму на еден таков бранител. Но, добро е, следен пат кога ќе дојде делегација од Украина, да го прашаат колку десетици милиони евра повеќе имаат луѓето што го опкружуваат него и раководството на ДУИ, потенцира Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.