Гласањето на 8-ми мај почнува од нула, а иднината на вашите деца и внуци е во ваши раце“, им порача на граѓаните, лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски на вечерашниот митинг во Скопје.

Ги повика да гласаат совесно и одговорно затоа што гласањето на избори е најмоќниот демократски инструмент во рацете на граѓаните, но во исто време одлуката кого ќе поддржат со себе носи голема одговорност.

„Пред да го заокружите бројот, убаво размислете каква иднина замислувате за Македонија, каква држава сакате за вас и вашите деца. Не дозволувајте врз таа одлука да влијаат евтините дневно-политички ветувања и националистички наративи на ДУИ и на ВМРО – ДПМНЕ. Погледнете ја големата слика, визуелизирајте како ќе изгледа државата по четири години ако довербата ја дадете на проевропска партија, а како ако гласате за наследниците на последниот автократ во Македонија“, истакна Ковачевски.

Лидерот на СДСМ вети пред граѓаните дека тој и неговите соборци од СДСМ и Коалицијата за европска иднина се подготвени да се борат до последен здив Македонија да стане модерна и развиена европска држава.

„Стигнавме многу далеку. Од заробена држава со угнетени медиуми, истепани студенти по библиотеки и плоштади, заробено судство, криминални проекти со лажен барок и прескап стиропор, денес сме земја членка на НАТО, со отпочнати преговори со ЕУ, претседававме со ОБСЕ и кај нас преговара други држави кои меѓу себе имаа отворени прашања а претходно ние преховаравме со други држави по трети места за отворени прашања кои ги имавме со соседите. Затоа денес сме земја фактор на стабилност на Балканот. И за тоа да продолжи мора да се бориме, да продолжиме да ја менуваме Македонија, и да ја направиме европска држава!“, рече Ковачевски.

Го повика граѓаните на гласањето в среда да го заокружат бројот 1 и да ги поддржат пратеничките листи на СДСМ и коалицијата и претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.