Премиерот Димитар Ковачевски во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека е добро што претседателот на Собрание Талат Џафери ја посетил Украина со цел да им се искаже поддршка.

Добро е што претседателот на Собранието беше во Украина за да ја покаже нашата поддршка на демократскиот свет бидејќи таму се работи за војна на автократски режим против демократска држава, нарушување на територијалниот интегритет и суверенитет на независна држава, вели премиерот во „Click Plus“ на ТВ21.

Ковачевски истакна дека Македонија веќе има дадено хуманитарна помош за украинскиот народ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.